Нападнат автобусот на кошаркарите на МЗТ

Непознати лица вчера вечерта го нападнале автобусот на кошаркарите на МЗТ Скопје.

Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил  околу 22:50 часот на улицата „Васко Карангелевски“ кога при нападот било скршено едно стакло од автобус „Неоплан“ со скопски регистерски таблици, а во кој се превезувале кошаркарите кои се враќале од натпревар од Гостивар.

Нема повредени лица,  причинета е само материјална штета.

Од полицијата посочуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.