Напад во сала за вежбање во скопски хотел - Настрада скопјанец

34-годишен скопјанец бил физички нападнат во сала за вежбање во хотел во скопски Центар. 

- На 06.10.2025 во 12:25 часот во СВР Скопје, С.Ѓ.(34) од Скопје пријави дека околу 11:45 часот во сала за вежбање во хотел на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.М.(32) од Скопје, известија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.