„Наместо лајк, подари живот“: Акција за згрижување животни од улица

Пред неколку дена на Фејсбук се појави покана за настан со наслов „Наместо лајк, подари живот“. Станува збор за акција што ќе се случува денеска во „Јавна соба“ во Скопје, каде што ќе се прават живеалишта за животните кои се смрзнуваат на ниските температури на улица.

Кутрите животинки, немаат свој дом, па требаше да се најде некој да им помогне. Светна идејата, иницијативата е покрената, поканата е испратена до секој совесен човек, преостанува уште да се дејствува.

Сите што се заинтересирани да се вклучат кон ова здружено помагање на бездомните кучиња да се вдомат на топло, еве ги чекорите кои ги сочинува овој хуман настан:

• Од 17:00 во „Јавна соба“ се изработуваат куќарки од стиропор и слама и се собираат храна и донации

• Од 18:30 поставување на куќарките на различни локации низ градот (по договор во зависност од бројот на куќарки).

Доколку кај вас се разбуди желбата да помогнете, а не сте во можност да се вклучите директно во акцијата, тогаш постои и друг начин за да придонесете, односно  со уплата на денарска сметка: 240090002006130, депонент: Уни банка АД – Скопје со назнака „ЗА ТОПОЛ ДОМ“ или онлајн на следниов ЛИНК.

Во „Јавна соба“ денеска од 17 до 18 часот ќе има оставено кутија за донации, а собраните средства ќе се користат за храна и основни намирници за оние што веќе згрижиле или ќе згрижат животинче, макар и привремено, од студов.

Исто така, од голема помош е да се донесе и храна за миленици.