Наместо дарчиња и бонбончиња вашето поклонче нека биде во пликчиња (фото)

Ако пред дваесеттина години се сметаше за дрскост кога младите јасно во свадбените покани ќе им порачаа на гостите да им донесат подарок во плико, денес свадбениот дар во пари веќе стана традиција, без при тоа да треба да се потенцира срамежливо, со мали букви во долниот дел на поканите.

Како што пишува Фокус, деновиве е актуелно, кога се подароците во плико во прашање, е покана за детски роденден, која што масовно се споделува на социјалните мрежи.

-Добредојдовте на нашиот прв роденден – пишува во поканата, и покрај датата, часот и ресторанот каде што се одржува забавата, најдоле со мали букви е потенцирано – Наместо дарчиња и бонбончиња, вашето поклонче нека биде во пликчиња! Низа од реакции, помеѓу кои добар дел се критики на сметка на нескромноста на родителите, но и коментари со оправдување за нивната искреност, и опширни дискусии предизвика роденденската покана, за која што дознаваме дека не е единствена, туку во последно време се почесто се канеле гости со подароци во пликчиња дури и во игротеки.