Наместо да платат казна кумановчани го претепале шоферот на „пајакот“

Вчера во полиција беше пријавено дека на булеварот „Јане Сандански" во Скопје, З.М. (59) и Г.М.(34), двајцата од село Љубодраг, кумановско, физички го нападнале Ж.К. (50) од Скопје, вработен во Градски паркинг Скопје.

Според пријавеното, причина за физичкиот напад било нивното незадоволство од платената  казна за непрописно паркирање.

Лицата се донесени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.