Наместо целосен карантин, поблага варијанта од 14 до 05 часот?

Полициски час, но не како што објавија повеќето медиуми, да биде со целосен карантин, туку од 14 или 15 часот па се до 5 часот наутро, неофицијално дознава Centar.mk.

Ваквиот полициски час би бил во сабота, недела и понеделник, поради празникот Бајрам, кој го слави муслиманската заедница, со можност во сабота истиот да почне во 19 часот.

Со ова во целост би требало да заврши и потребата од полициски час, а веќе од вторник да се отворат угостителските објекти.

Во Македонија веќе со недели драстично е намален бројот на новозаразени.

извор - Centar.mk