Намалување на гужвите и помалку чекање за здравствена услуга - oтворен оддел за трауматологија во рамките на Градската болница

Намалување на гужвите на скопските клиники и помалку чекање за здравствена услуга –Надлежните очекуваат дека тоа ќе се реализира со отворањето на Одделот за трауматологија во градската болница 8-ми септември кој е сместен во дел од просториите каде функционираше кардиохирургијата Филип Втори.

Ова одделение е само еден сегмент од долгонајавуваниот Траума Центар, кој за да проработи е неопходно вработување на дополнителен кадар.

-Потребен е на пример тораковаскуларен хирирг, но таа специјалност е малку дефицитарна во државата. Но министерството за здравство е запознаено со тоа, а и ние имаме испратено лекари на специјализација, изјави др. Христијан Костов, директор на ГОБ 8-ми Септември.

Капацитетот на болницата е зголемебн со одделение каде има болнички дел, интензивна нега и оперативен блок во кој годишно ќе има околу 2000 хируршки интервенции. За премиерот Заев кој присуствуваше на отворањето, условите во трауматологија биле како и во модерните европски медицински центри. Министерот за здравство, пак, вели дека ова е само дел од инвестициитѕе во секторот.

-Во 2020, 2021 година ќе има посебен дел со финансии за здравствениот систем во земјата, така да ова е само почеток, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче најави дека покрај опрема и кадар, наскоро ќе бидат готови и измените на законот за здравствена заштита.