Намалена смртноста на доенчиња

Во првите шест месеци годинава на скопска гинекологија починале 57 предмемено родени бебиња, 25 помалку од истиот период лани. Од Клиниката велат дека процентот на смртност е намален од 26 на 17 отсто, а на одеделот за интензивна нега имале бриближно ист број новороденчиња.

- Лани во одделот се лекувале 336 новородени, а починале 82, додека годинава за истиот период од 321 новородени, починале 57, изјави д-р д-р Љиљана Којиќ од ГАК.

-80 до 85  проценти од починатите новороденчиња се под 32. гестациска недела или се со телесна маса под еден килограм и петстотини грама. Појасни дека тие три четвртини од починатите се со рани компликации, а најчесто заради незрелста на белодробието и на централниот нервен систем, изјави д-р Елизабета Петковска од ГАК.

Според министерот Филипче новата опремата и доекипирањето со кадар се дел од мерките кои довеле до намалување на смртноста на предвремено родени бебиња на ГАК.

- Ова се должи на инвестицијата на Владата во инкубатори за интезнивната нега на ГАК, во доекипирањето на експертскиот тим, на приемот на нови 20 медицински сестри...,изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Во моментот на скопска гинекологија на интензивна нега има 42 бебиња, од ГАК велат дека имаат доволно инкубатори за сите, но се случувало во текот на летото на одделот да имаат и по 55 новороденчиња зошто им праќаат деца од сите родилишта во Македонија бидејќи кубурат со кадар.

Инаку според годинешниот извештај на УНИЦЕФ Македонија е на второ место во Европа по смртност кај новороденчиња, пред нас е само Молдавија.  Се поставува прашањето дали ова намалување ќе ја подобри сликата за земјава или пак и во иднина ќе бидеме лидери во црната статистика.