Намалена цената на дневниот билет на Попова Шапка

Од ски центарот Попова Шапка соопштија дека цената на дневниот билет за возрасни денеска ќе биде намалена.

- Поради густата магла, во функција ќе бидат ски-лифтовите „Поток“, „Аеродром“ и „Ге“, а од тие причини, цената на дневниот ски - билет за возрасни е намалена од 1.100 денари на 800 денари, соопштија од ски центарот.