Годинава пчеларите имаат ниски приноси од само 5 килограми за мед во Повардрието. Според нив има три фактори кои влијаат: климатските промени, депопулацијата на населението, намалувањето на бројот на потенцијални купувачи и отворањето на вратите на Украинскиот мед, кој за евро и половина по килограм се извезувал од таа земја и го преплавил пазарот од Европа пренесува МТВ.
Една од поголемите причини кај нас во Македонија се и пожарите летово изгореа бројни пчелни кошници, со што и така намалениот фонд на пчели е намален дополнително.
За споредба претходните години се собирало 8 до 10 килограми. Пчеларите го продаваат меѓу 500 и 600 денари а во маркетите, увозниот е 250 за кг. Со ваква состојба на пазарот, на намален интерес за домашниот мед, пчеларите се обидуваат да најдат иновативно решение за да може да го пласираат медот на купувачите.