Во учебната 2017/2018 година вкупниот број на ученици и студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови изнесува 6.334, што претставува намалување за 6,2 отст во однос на 2016/2017 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 247 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 37 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

Од ДЗС посочуваат дека домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.