Намален бројот на претстави и посетители во театрите и Филхармонијата

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2017/2018 година, вкупниот број прикажани претстави во професионалните театри е намален за 13,7 отсто, а бројот на посетителите е намален за 2,2 отсто во однос на периодот 2016/2017 година. Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 210.

Во периодот 2017/2018 година, во однос на периодот 2016/2017 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 16,2 отсто, а за 27,9 отсто е зголемен бројот на посетителите.

Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 45,5 отсто, а вкупниот број на посетителите е намален за 51,2 отсто.

Во периодот 2017/2018 година, во однос на периодот 2016/2017 година, бројот на концертите е зголемен, додека бројот на посетителите на Филхармонијата е намален.

Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2017/2018 година, во споредба со 2016/2017 година, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

air max 90 essential sale