Нам ни недостига благодарност

Мојата прва мисла наутро (како и за многумина други луѓе) секогаш е нешто во стилот: „Не се наспав доволно“.

Следната е: „Немам доволно време“.

Без оглед на тоа дали е вистина или не, таа мисла дека нешто немаме доволно се појавува автоматски во нашата глава, пред воопшто да ја помислиме и да ја преиспитаме.

Најголемиот дел од нашиот живот го поминуваме во слушање, објаснување, жалење или се грижиме за она коешто го немаме во доволна количина.

Не вежбаме доволно.
Немаме доволно работа.
Не заработуваме доволно.
Не сме доволно моќни.
Не сме доволно диви.
Немаме доволно слободно време.
Секако, никогаш немаме доволно пари.

А всушност, вистината е дека нам, луѓето, ни недостасува благодарност. Тоа е единственото нешто коешто го немаме во себе, барем не во доволни количини!