Наќе Чулев ги демантира лажните обвинувања и спинови дека ја попречувал истрагата

Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи на својот профил на Фејсбук ги демантира лажните обвинувања и спинови дека наводно ја попречувал истрагата во скопско Крушопек.

Во однос на лажните обвинувања и спинувања за наводно мое попречување на истрагата ја информирам јавноста дека истите се целосно неточни.

Имено, во координација со италијанските партнери и надлежен македонски јавен обвинител на мојата прес конференција, и покрај инсистирањето на медиумите, информациите кои јас ги објавив, беа строго селектирани, целосни и точни. Ниту еднаш во моето обраќање на споменав количина, контролиран транспорт и имиња на конкретни држави.

Веројатно, изнервирани од фактот дека медиумскиот ексклузивитет го граделе врз основа на неточни и непроверени информации, моите политички противници се обидоа тој гаф да го сокријат со евентуални забелешки дека со мојот прес сум ја попречил истрагата, додава министерот за внатрешни работи, вели Чулев.

Тој додава дека меѓународната операција е комплетирана.

Притоа, со оглед дека меѓународната операција е комплетирана, потврдувам дека 1.129 кг кокаин од Колумбија беа наменети со крајна дестинација во нашата држава, а дека 1 кг кој беше фатен кај нас беше дел од контролиран транспорт. Активностите на МВР во координација со ОЈО продолжуваат и понатаму во насока на идентификување и на други правни субјекти и физички лица инволвирани во наведените криминални активности. Во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност до нашите италијански партнери, но и до партнерите од Регионот и пришадниците на МВР, ОЈО и Царина без кои немаше да се реализира оваа значајна акција против кокаинската мафија, вели Чулев.