Најздравите состојки кои треба да ги конзумирате во текот на летото

Замислете ја идеалната храна. Онаа која ги содржи сите важни хранливи состојки, но која секако не ги надминува дневните потреби. Исто така, да биде и храна која има одличен вкус.

Сепак, таква храна не постои. Но, постојат многу видови храна кои можете да ги конзумирате и да си загарантирате себеси добро здравје, подобро расположение и поубава кожа.

Смокви

Смоквите се познати како суперхрана уште од античко време. Можете да ги јадете свежи или сушени, иако ги препорачуваме свежи во текот на летото. Содржат 249 калории на 100 гр. смокви. Богати се со манган, минерал кој помага за слаби коски, остеопероза, анемија и им помага на жените да ја намалат болката и напнатоста во текот на предменструалниот циклус.

Ѓумбир

Ѓумбирот содржи многу антиоксиданти. Тој е добар за подобрување на варењето, спречување на настинките и намалување на вишкот килограми. Содржи 80 калории на 100 гр.

Брокула

Брокулата е суперхрана за многу луѓе кои сакаат да живеат здрав живот. Овој зеленчук е одличен извор на витамин Б1, магнезиум, омега 3 масни киселини, протеини, цинк, калциум, железо и селен. Содржи само 34 калории на 100 грама.

Диња

Дињата е богата со глутатион, антиоксидант кој ги штити клетките од токсините, вклучувајќи ги и штетните радикали. Содржи само 34 калории на 100 грама и е едно од најмалку калоричните овошја кои ги препорачуваме за летниот период.

Вишни

Тие се одличен извор на мелатонин, кој го спречува ракот на дојка кај жените, а богати се и со антоцијанини, антиоксиданти кои им ја даваат црвената боја, а кои се одлични за добрата циркулација и подобрување на нервниот систем. 100 грама вишни содржат 50 калории.

Рукола

Руколата содржи само 25 калории, на 100 грама. Таа е одличен додаток за салатите и летните манџи, а богата е со витамин А, К и Ц, фолна киселина, калциум, калиум, железо и магнезиум.

Домати

Доматите содржат ликомен и лутеин, кои ги штитат очите. Тие се одлични во борбата против рак, за одржување на нормален крвен притисок и намалување на глукозата во крвта кај луѓето кои имаат дијабетес. Содржат 18 калории за 100 грама.

Ореви

Оревите се одличен извор на омега 3 масни киселини. Сепак, тие содржат многу калории (619 калории на 100 грама) и треба да се внимава на нивниот внес.

Спанаќ

Овој зелен зеленчук содржи повеќе минерали и витамини (особено витамин А, калциум, фосфор и железо) од било кој друг зелен зеленчук. Сепак, имајте предвид дека свежиот зеленчук може да ја изгуби својата нутритивна вредност ако се чува на собна температура. Затоа, се препорачува тој да се замрне. 100 гр. спанаќ содржат 23 калории.