Најздравиот појадок за ова лето

Кога стануваме наутро, имаме милион опции како да го започнеме денот. Сепак, голем број од луѓето го прескокнуваат појадокот или пак појадуваат нешто набрзина. Но, тоа е голема грешка. Здравиот појадок е важен за целиот ден, бидејќи тој ни ги дава значајните хранливи материи кои се неопходни за функционирање во текот на денот.

Овој појадок е многу вкусен, но неговите состојки придонесуваат и за забрзување на метаболизмот, подобрување на кожата и косата, намалување на вишокот килограми, како и за подобрување на севкупното здравје.  Тој го чисти телото од токсините и ги согорува мастите.

Потребни состојки:

2 -3 големи лажици овесни снегулки

1 шолја кефир

4-6 модри сливи

1 лажица какао

1 лажица ленено семе

Најдобро е ваквиот појадок да се подготви од претходната вечер на следниот начин: Сливите прелијте ги со вода, а потоа ставете откако малку ќе отстојат ставете  ги во садот за појадок. Додадете ги лененото семе, овесните снегулки и какаото и прелијте со кефир. Измешајте ги добро сите состојки.

Конзумирајте го овој појадок за почеток на денот и за мошне брзо време ќе се уверите колку е ефикасен.