Најздрави сме во 30-тата година, а најзадоволни од себе во 31-та година од својот живот

Една просечна личност е најздрава во своите 30-ти години, најбогата во 47-та година и има најдобар секс во 32-та година. Ова се резултатите од едно неодамнешно истражувања.

Истражувањето опфатило 2000 мажи и жени од Велика Британија и покажало дека луѓето се најсреќни во 39-та година од совјот живот. Тоа исто така покажува дека луѓето најубаво се чувствуваат во својата кожа во 31-та година, а дека имаат најдобра кариера на 38 години.

Според студијата, други важни години во животот се 40-тите кога всушност сме најзадоволни од љубовта, додека примањата ни се најдобри во 42-та.

Ова се најважните години во нашиот живот:

 - најздрави сме во 30-тата година

 - најбогати сме во 47-та

 - најсреќни во 39-тата

 - најзадоволни од својот изглед во 31-та

 - најдобар секс имаме во 32-та

 - најзадоволни од својата врска во 40-тата

 - најубаво си поминуваме во  24-тата

 - имаме најдобри приходи во 42-та