Највредниот совет за среќата кој некогаш ќе го прочитате

Внимателно прочитајте ги овие зборови...

Далај Лама еднаш кажал: „Многу ќе патите ако за секој свој неуспех ги обвинувате другите луѓе. Штом сфатите дека работите зависат само од вас, ќе спознаете мир и радост.“

Вистински среќните луѓе одамна го научиле рецептот за успех и живот полн со радост. Тајната е едноставна и гласи вака: „Научите да им простувате на лошите луѓе од со цело срце, не го задржувајте бесот и во сите работи барајте го доброто.“

Сите работи тргнуваат од нашата глава, доколку одлучиме да бидеме среќни, така и ќе биде. Ако постојано гледаме лоши работи, такви работи и ќе ни се случуваат. Потсвеста го забележува сето она што се внесува во неа и потоа тоа го пренесува во реалноста, затоа е важно да имате позитивни мисли. 

Џозеф Марфи во книгата „Моќта на потсвеста“ пишува: „Онака како што сакате луѓето да мислат за вас, мислете и вие за нив, онака како што сакате да се чувствуваат за вас, така и вие чувствувајте за нив, онака како што сакате да постапуваат со вас.“

Тој тоа го објаснува вака: „Можеби вие сте љубезни кон некој колега од работа, но кога ќе ви го сврти грбот почнувате да имате најлоши мисли, а таквите мисли имаат лошо влијание и на вас. На тој начин вие примате ментален отров кој ви ја одзема виталноста, енергијата, радоста, силата и добрата волја. Негативните размислувања брзо преминуваат во потсвеста и поттикнуваат многу животни тешкотии. Кога им мислите лошо на другите, си мислите лошо и на себеси.“

Уметноста на простувањето

На патот низ животот ќе наидуваме и на добри и на лоши луѓе, но мора да сфатите дека сите се пратени во нашиот живот со причина. Тие помалку добрите се тука да не научат на некои лекции, па и онаа најважната, лекцијата за простувањето. Ако некој ве повреди, простете му. Не поради него, туку поради себе. Задржување на бесот не ви носи ништо добро. Простувањето е лековито, најмногу за вас. Оној кој ќе научи вистински да простува, тој ја спознал среќата.

Кога ќе забележите дека се појавуваат негативни чувства, пред да преземат контрола над вас, имате време да направите пресвртница. Пренасочете го бесот и лутината кон љубов. 

Кога ќе ги научите овие работи, никој нема да може да ви го расипе денот и да ви ја наруши хармонијата.