Највредната лекција на Далај Лама за животот

 

За време на едно интервју, му поставиле прашање на Далај Лама околу тоа што највеќе го изненадува на овој свет и што е суштината на животот. Неговиот одговор ќе ве поттикне да размислите и за вашиот сопствен пат.

„Она што најмногу ме изненадува е човековата природа. Луѓето го жртвуваат своето здравје за да заработат пари. Потоа жртвуваат пари за да го обноват здравјето, а потоа толку се грижат за иднината што не уживаат во сегашноста. Како резултат на тоа, тие не живеат ни во сегашноста или иднината, живеат небаре никогаш нема да умрат, а потоа умираат како никогаш и да не живееле.“

Да застанеме и да размислиме: Парите не можат да купат ниту среќа, ниту здравје. Тоа е единствената вистина за која треба да размислиме. Суштината на животот е да се биде среќен. Сепак, сите наши мисли се преокупирани со материјални работи. Понекогаш се чини дека живееме на Земјата само за да работиме и да заработиме пари. На некој начин изгледаме како робови – само не го сфаќаме тоа.