Најважното прашање кое може сосема да ви го промени животот!

На скала од 1 до 10, како би го оцениле квалитетот на вашиот живот? Не можам да се сетам на точните податоци, но дали знаете дека само 3 до 5% од светската популација знае што сака?

Тие ги поставиле своите цели, краткорочни и долгорочни, а нивната цел во животот е да ги исполнат тие цели. Размислете за тоа. Размислете за вашиот живот.

Дали секое утро се будите полни со амбиции и возбудувања, затоа што стигнал новиот ден? Или едноставно тешко ви е да се разбудите, задоволувајќи се со она што го имате, оставајќи ги работите онакви каквишто се?

Повеќето луѓе минуваат низ животот без да посакаат да си го подобрат животот. Остануваат немотивирани, обвинувајќи го животот или другите луѓе за сѐ што не им пошло од рака. Тие немаат внатрешен оган, немаат животен полет, а тоа е фрлање на својот живот.

Поентата е во тоа што вие имате моќ да си го промените животот. Вистина е кога велат дека во животот можете да имате сѐ што ќе посакате.

Можете ли со 100% сигурност да кажете што точно сакате во овој момент? Повеќето луѓе не можат. Повеќето луѓе се како голем, силен брод со големи, силни и моќни мотори, но без корило. Не знаат што сакаат, ниту каде сакаат да одат.

Ајде да бидеме помотивирани луѓе.

Запрашајте се себеси: „Кога би можел/а да имам сѐ што ќе посакам, да бидам што сака и каде сакам, без оглед на парите, цената, годините, образованието или талентот, што е она што би го сакал/а да го имам?“

Тоа е најважното прашање во вашиот живот.

Мотивирајте се себеси, сега, веднаш, така што ќе земете еден лист и пенкало. Заборавете за миг на своите проблеми. Напишете што навистина сакате. Дозволете ѝ на вашата фантазија да ве одведе на магично патување на кое нема ограничувања. Дозволете си да сонувате. Погрижете се да сонувате големи соништа.

Затоа, повторно ќе ве прашам: „Дали знаете што навистина сакате во животот?“

Немојте да живеете уште еден час, ден или недела – без своите цели. Едноставно е. Зграпчете го тој лист и запишете ги своите цели. Направете листа која може да биде бесконечно долга и не престанувајте да ја надополнувате.

Оваа едноставна вежба ќе ви помогне да се осигурате дека 100% сте сигурни во тоа дека знаете што сакате од својот живот.

За да го добиете она што го сакате, мора да знаете што сакате.

Од моментот кога ќе дознаете што сакате од животот, веднаш станувате помотивирани, а и вашиот живот добива ново значење. Ќе се движите кон своите цели.

Живејте го животот со значење и цел, а универзалната Виша Сила ќе ви ги оствари вашите соништа.