Најважното нешто што можеме да го направиме за нашето ментално здравје

Во текот на пандемијата, голем дел од луѓето се соочуваат со проблем поврзан со менталното здравје.

Ова е период кога откривме многу важни нешта за себе, но и кога се соочивме со огромни предизвици. Иако постојат многу мали нешта на кои можеме да си помогнеме себеси со цел да го подобриме нашето ментално здравје, психолозите ја истакнуваат медитацијата како нешто што е бесплатно, а многу значајно.

Според нив, потребни се само неколку во текот на денот, а ефектот е огромен. Според истражувањата, медитацијата е одлична за подобрување на расположението, подобрување на фокусот и вниманието и намалено ниво на стрес. Таа може да се практикува секаде, а освен тоа е прилично безбедна и бесплатна.

Идеалното време за медитација е 20 минути на ден, но ако сте почетници, експертите велат дека две минути се одлични за почеток. Не морате да седите во темнина со затворени очи како што многумина ја замислуваат медитацијата, туку важно е да најдете пријатно место за седење. 

Постојат многу начини како можете да ја практикувате медитацијата а сите тие зависат од вас самите. Со тек на време, лесно ќе ја забележите промената и ќе си бидете благодарни на себеси.