Најважните животни лекции кои ги научив од татко ми...

Мојот татко е мојот ангел-чувар. Тој ме заштитувал, ме воспитувал и ми дал се што ми е потребно за да бидам успешна во животот. Но, работите кои останаа со мене во текот на овие години се лекциите кои ги научив од него.

Никогаш не се откажувај од твоите соништа...

Тој ме научи дека соништата се важни. Тие исто така ќе ми помогнат да стигнам до места на кои не сум ни замислувала дека ќе отидам.  Тој исто така секогаш ме уверуваше и ме поттикнуваше да мислам дека можам да постигнам се што ќе посакам и никогаш нема да можам доволно да му се заблагодарам за тоа.

Биди самоуверена...

Татко ми ми покажа дека самоувереноста во тоа што сум и тоа што го правам секогаш ќе прави да се чувствувам добро. Да, не секогаш го добивам тоа што го сакам, но барем знам дека сум дала се од себе и сум била уверена во тоа шт го правам.

Биди независна...

Тој ме потсеќаше дека животот знае да биде тежок, а дека тоа значи дека некогаш ќе морам да се потпрам самата на себе. Ова сознание ми помогна да сфатам како да се пронајдам себеси и да бидам среќна самата со себе. Животот е лудо патување и понекогаш единствената личност покрај вас сте самите вие, па затоа грижете се за себе.

Секогаш биди добра...

Мојот татко е прекрасен човек и ако има една лекција која сметам дека е најдобра, тоа е дека секогаш треба да бидам добра. Тој е човек кој се однесува со луѓето онака како што тој сака другите да се однесуваат со него. Оваа лекција ми помогна да сфатам дека лутината храни лутина и дека тие што ве лутат ве контролираат.

Зборувај од срце...

Татко ми секогаш беше човекот кој ме потсетуваше дека луѓето најмногу се поврзуваат со оние кои ја кажуваат вистината. Вистината која доаѓа одвнатре. Ова многу ми помогна во животот за да станам личноста која сакам да бидам и толку сум среќна што сфатив зошто е толку важно да зборуваш од срце.

Никогаш не дозволувај маж да те контролира...

Тој ова ми го кажа јасно и гласно. Тој секогаш ме потсеќаше на тоа дека сум силна, паметна и способна да направам се што ќе посакам и тоа можам да го направам сама. Татко ми ми помогна да сфатам каков маж сакам во животот и дека тоа е некој кој ќе ме остави да бидам тоа што сум и ќе ме сака таква каквашто сум.

Учи од грешките...

Татко ми никогаш не беше злопамтило, иако во некои ситуации би било тотално разбирливо. Тоа ме научи дека сите прават грешки, но подобри луѓе стануваат оние кои учат од нив.

Биди позитивна дури и во негативни ситуации...

Животот никогаш нема да биде лесен. Еден ден ќе мислиш дека се е супер, нареден ден целиот свет ќе ти се сруши врз глава. Но, тој ме научи дека секогаш морам да одам со исправена глава, затоа што на сите им се случуваат лоши работи и едноставно морам да дадам се од себе да бидам позитивна, затоа што негативноста и мизеријата само ќе ги направат работите уште полоши.

Секогаш помагај им на другите...

Ние сме на оваа земја не само за да се задоволуваме себеси. Мојот татко ми го покажа вистинското значење на тоа да се биде жив, а тоа е да им се помогне на другите. Без оглед на тоа дали да бидам нечие рамо за плачење или да му дадам храна на оној кој нема. Помагањето на другите ќе те направи подобра личност.

Не заборавај на луѓето кои ти помогнале да станеш она што си...

„Никогаш не заборавај од каде доаѓаш.“ Ова реченица постојано ми се врти во главата, бидејќи ме потсеќа на тоа зошто се обидувам да бидам успешна. Мојот татко ме научи една лекција која никогаш нема да ја заборавам, а тоа е секогаш да им бидам благодарна на луѓето кои ми помогнале да станам успешната и среќна личност каква што сум денес, затоа што без нив не би била таму каде што сум.

Никогаш не дозволувај некој друг да ти го определува успехот...

Луѓето ќе ти кажуваат НЕ или дека не можеш да направиш нешто, но татко ми ме потсетуваше дека тие не го контролиаат успехот, туку само јас можам да го правам тоа. Јас одлучувам што можам или што не можам да направам и никогаш не смеам да дозволам некој друг да го промени тоа.

Го добиваш она што ќе го дадеш...

Ова е една од најдобрите мисли кои татко ми ми ги има кажано затоа што е сосема точно. Кога си мрзлив и резултатите ќе бидат мрзливи, но кога работиш напорно и вложуваш труд за да успееш, тогаш ќе успееш.

Никогаш немој да бидеш со маж кој не те почитува...

Татко ми ме научи многу работи за мажите и за тоа секогаш ќе му бидам благодарна. Почитта е основата врз која се гради секоја врска и ако мажот мисли дека не заслужуваш почит, тогаш тој не те заслужува тебе.

Сакај се себеси...

За искрено да бидеш среќна во животот, мора безусловно да се сакаш себеси. Мораш да си ги сакаш и мааните и доблестите кои ги имаш и мораш да сфатиш дека не си совршена. Мора да се сакаш себеси за да бидеш среќна во овој свет. Мојот татко ме научи на ова и ме воспита како да се сакам себеси.

Имај сочувство кон другите...

Луѓето се злобни и животот е тежок, но ако можеш да им даваш шанса на другите, животот ќе биде полесен. Никогаш не знаеш низ што проаѓа одредена личност, па покажувањето сочувство може да им помогне.

Живеј го животот по своја мерка...

„Ти си уникатна и никој не може да го земе твоето место.“ Ние сите сме тука со причина и таа причина не можеме ни да ја замислиме. Мојот татко никогаш не се сомневаше во мојата способност да го променам светот и ми ја овозможи самодовербата да го живеам животот кој го сакам. Можеби сум повредила некого по патот и направив неколку лоши одлуки, но луѓето кои ме сакаат, секогаш ќе ме сакаат...

Ти си убава, силна и без оглед на тоа што ќе одлучиш да правиш во животот, јас секогаш ќе бидам тука да те сакам...

Мојот татко е светлината на мојот живот. Тој ме научи се што треба да знам за да бидам успешен и корисен граѓанин и личнст полна со љубов во свет во кој е тешко да се биде добар и полн со љубов.

Татичко те сакам многу и фала ти што ме научи на сите овие прекрасни лекции. Немаше да бидам тука денес, ако не беше ти!