Најважните работи за патување во соседна Грција

Патувањето на одмор најчесто значи патување на долга дестинација. Кога е во прашање летниот одмор, македонците најчесто се решаваат тој период од годината да го поминат во соседна Грција. Скопје Инфо во престојниот период ќе ве информира за најважните правила и прописи за патување во земјите од соседството.

Денес почнува со соседна Грција. Ова се најважните правила и прописи:

Основни информации

Грција се наоѓа на југот од Балканскиот Полуостров. Има површина од 238,537 км2 (континентална Грција заедно со островите) и население од 10,5 милиони жители. Археолошките наоѓалишта и историските споменици се најпривлечни за странските туристи. Островите зафаќаат 1/5 од вкупната површина и мнозинството се лоцирани во Егејското Море, а само мал дел се во Јонското Море. Официјален јазик е грчки. Главен град е Атина со околу 4 милиони жители.

Највисока дозволена брзина

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.

Употреба на мобилен телефон

За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 100 ЕУР.

Поважни телефони

Полиција 100/112 Амбуланта 166 во Атина/ 112 Пожарна 199/112 Специјален број на туристичка полиција 171 ЕЛПА (инфо центар) 901 124 1600 ЕЛПА (аларм центар) 10400

Дозволено количество алкохол

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.

Потребни документи

За влез во Грција не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.

Задолжителна опрема за безбедност

Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра) Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца над 3 години, а пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди. Прва помош сет: задолжително ПП апарат: задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме. Зимска опрема:Нема определено, период од ноември до март. Синџирите за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз. Максималната брзина за автомобили со синџири е 50 km / h.

Пред да тргнете на пат, прочитајте ги советите за безбедно патување на одмор со вашето семејство кои може да ги најдете тука.