Најважните работи кои секој возач морa да ги направи пред секое патување

Пред да заминете на пат, постојат одредени работи кои секој возач треба да ги направи.

-Пред самото патување задолжително проверете го притисокот на гумите, длабочината на шарата и секако проверете ја резервната гума, но и дали алатот за нивно менување е комплетен и е на место.

Проверете ги течностите во возилото. Маслото, течноста за кочниците и течноста во ладилникот. Секогаш имајте навика да понесете резерва од сите овие течности.

-Проверете го акумулатоторот и бришачите и количината на течност за нив.

-Проверете ја светлосната сигнализација – фаровите, стоп-светлата, трепкачите… Секогаш имајте при рака барем нешто од основниот алат заедно со електрични светилки, а по можност и резервни батерии.

-Резервниот клуч од автомобилот оставете го кај личноста која наједноставно ќе ви го достави доколку се случи да го загубите клучот или да го заклучите во автомобилот.

-Проверете и дополнете го сетот за прва помош и сетот за итни ситуации.

-Проверете го детското седиште и исправноста на сигурносните појаси. Сигурносниот појас и детското седиште нека бидат ваш партнер во патувањето. Тој е поставен да ве заштити вас од повреди и загуби. Малата некомфорност во текот на патувањето, не е ништо во споредба со сигурноста која ја дава појасот и седиштето.

-Проверете ја работата на клима уредот и обезбедете доволно гориво во резервоарот затоа што сообраќајниот метеж може да ве остави заглавени во сообраќај подолго време. Не дозволувајте горивото да дојде на резерва за да почнете да ја барате следната бензиска пумпа.