Најважните лекции кои ги научив во 2017

Научив повторно да се засакам себеси. Си простив себеси што не сфатив подоцна што значи да се сакам себеси и колку љубов им дадов на оние кои не го заслужуваат тоа, наместо да се сакам себеси доволно.

Научив да ја канализирам енергијата која ја имам и ја давам на другите. Научив дека не секој го заслужува тоа и воопшто не е себично да се ставам себеси на прво место. Воопшто не е себично да си заминам од оние на кои им дадов милион шанси и оние кои не мислат на мојата среќа. Можеби згрешив и дадов многу шанси на многу луѓе, но сфатив дека морам да си простам за тоа.

Конечно, научив во пријателствата и врските да го барам тоа што ми е потребно, наместо да мислам дека не го заслужувам тоа. Научив дека не можат сите да ни бидат пријатели. Ниту пак сите да нѐ сакаат, како што ние ги сакаме. Научив дека не морам да бидам личноста која ќе ги поправа луѓето и ќе се труди нештата да успеат, ако не им е судено на тие нешта и ако нема напор од другата страна. Научив дека понекогаш кога ќе ги собереш скршените парчиња со обид да ги поправиш, ти си оној кој е на крајот повреден.

Бавно, но сигурно научив дека не е моја работа да ги убедувам другите дека треба да ме сакаат, ниту пак дека заслужувам шанса. Тој што ме сака е добредојден во мојот живот, но тој што нема намера никогаш да ме сака, ќе го заборавам лесно и едноставно. Нема да се плашам од самотијата, бидејќи таа е повредна од тоа да се биде несреќен во врска.

Научив да се погледнам себеси во огледало и да не ги бројам моите недостатоци, туку да ги видам моите убави страни и да се сакам себеси поради тоа што сум. Да се ценам и почитувам бидејќи никој друг нема да ме сака и цени повеќе од што се сакам и ценам себеси.

Ми требаше многу време да го сфатам ова, но 2017 ме научи на многу работи.