Најважните астролошки денови за љубов во септември

Во астрологијата, одредени транзити имаат огромна улога во однос на тоа како комуницираме, како се поврзуваме со другите и како сакаме.

Оваа есен ни носи транзити кои се особено поволни за љубов.

5 септември

Ова е ден кога планетата на љубовта и изобилството Венера влегува во Вага,  еден од знаците во кој Венера се чувствува најпријатно. Тоа значи дека голема е шансата да ни се случи романса. Ќе се чувствуваме сакано и поддржано од партнерот и пријателите, а и самите ќе посакаме да им ја покажеме љубовта на другите на значаен начин. Овој ден е значаен потсетник зошто е важна љубовта во нашиот живот.

6 септември

На 6 септември, Јупитер во Водолија создава позитивен тригон со Венера која пак е во своето среќно место во Вага. Енергијата на Јупитер е огромна и ќе ја почувствуваме сите, а таа ни носи желба за поврзување и убава енергија дека светот е поубав кога го минуваме со луѓе кои ни значат. Ќе бидеме харизматични, насмеани, а со тоа ќе крадеме погледи околу нас.

26 септември

Ова е најубавата недела во текот на септември, кога Сонцето, Месечината и Сатурн се сите во воздушни знаци. Сонцето ќе биде во Вага, Месечината во Близнаци, а Сатурн во Водолија. Тоа е убава енергија која според астролозите носи убава карма. Ќе чувствуваме убавина во поврзувањето со другите, но и желба да ја побараме љубовта околу себе.

30 септември

Ако сте во врска, сметајте го овој ден како навистина важен за продлабочување на емоционалната и физичка поврзаност. Венера е во Шкорпија, знак кој е длабок и интензивен но во хармоничен тригон со Месечината во Рак. Време е да се  отвориме во однос на своите чувства, да бидеме ранливи и да најдеме нови начини за поврзување.