Најубавото нешто кое ни се случува во животот е среќното детство

Детството е посебен дел од животот на секоја личност. Тоа е време во кое откриваме, учиме, си играме и го откриваме светот околу нас. За родителите, тоа е време на грижа и посветеност за своите деца, но за децата е време на убави моменти и среќа.

Но, што е тоа што ги прави децата среќни?

Време за игра и смеа

Единствената одговорност на детето е играта. Да, тие ќе имаат и домашни задачи и дополнителни активности, но играта е суштинска за децата. Питер Греи, познат детски психолох и професор на Колеџот Бостон истакнува дека најважните лекции кои децата ги учат во животот доаѓаат од другите деца, а не од возрасните. Тие не можат да учат премногу од нивната интеракција со возрасните, а учењето од другите деца им доаѓа природно.

Позитивно расположение на родителите и хармонија

Мозокот на децата се развива во раното детство со огромна брзина. Кога тие се сведоци на расправии и кавги од нивните родители, тоа има влијание на нивната психолошка состојба, правејќи ги постојано загрижени и несигурни. Децата не треба да го трпат стресот од нивните родители.

Не ги споредувајте со другите деца

Притисокот да успеат во денешното општество ги прави постојано да бидат под стрес и едноставно да заборават на тоа дека се деца. Споредбите со другите деца се непотребни бидејќи секое дете има различен талент, дарба но и интереси.

Препознајте ги нивните напори

Покажете им на своите деца дека се во што тие се вложуваат и убаво и корисно. Препознајте ја нивната желба да постигнат нешто, без оглед на тоа колку безначајно ви изгледа тоа. Кажете им дека тие се паметни и вредни и дека го цените нивниот напор. Ова е важно за развивање на сигурноста и самодовербата кај децата.

Покажете им ја вредноста на семејните традиции

Почитувањето на семејните традиции е знак за стабилна заедница, а стабилноста е клучна за нормален и здрав развој кај децата. На тој начин детето се чувствува важно и сакано, тоа ги учи позитивните вредности од родителите и учи како да ги пренесува своите мисли и чувства.

Дозволете им нешто да направат сами

Да, на секое дете му е потребен надзор, но убаво е да им покажете некогаш дека нешто можат да направат сами и дека верувате во нив. На тој начин, децата учат да се соочат со различни ситуации и проблеми, да развијат отпорност и да научат важни животни вештини.