Најубавите пораки за Денот на жената

Доколку сте припадник на посилниот пол, денес веројатно слатка "мака мачите" за тоа што да и подарите и како да ја изненадите вашата најсакана припадничка на понежниот пол, без оглед дали тоа е вашата мајка, сестра, сопруга или девојка.

Затоа, барем во поглед на честитките можете да побарате помош во продолжение, каде што можете да прочитате неколку пораки со кои што можете да го честитате утрешниот ден, а кај припадничката на која што ќе и ги испратите, сигурно ќе измамат насмевка на нејзиното лице, ќе ја разнежат и расположат.

● Многумина ќе ти посакаат брдо убави нешта, но ретко кој ќе се потруди тоа да ти го исполни! Јас ќе ти посакам само онолку колку што ти е потребно за да бидеш среќна... Среќен 8ми март!

● Во твојот мобилен телефон залутала порака каква овие денови сигурно не си видела..... а таа гласи: Среќен 8ми март!

● Да се биде жена е ужасно тешка задача, ако се има во предвид дека истата опфаќа константно соочување со мажите... Но, ти благодарам што си моја жена! Среќен ти 8ми март!

● Нека овој ден биде само твој, нека сонцето само за тебе сјае, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена, поинаква од сите... Среќен 8ми март!

● Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, ти испраќам среќа без крај, ти испраќам сон исполнет со љубов и најубавите желби за денешниот ден! Среќен 8ми март!

● Твојата љубов е како искра која што го осветлува мојот свет! Најсакана, сакам да ме водиш низ целиот мој живот! Среќен 8ми март!

● Оваа порака ја пренесува сета мојата среќа и доброто расположение! Барем на момент уживај во чувството дека некој постојано мисли на тебе! Среќен 8ми март!

● Те сакам што си најубава бајка и што си родена да бидеш токму моја мајка... Среќен 8ми март!

● Нека среќата ти стане стварност, а здравјето нека биде трајност, нека љубовта твоето срце го грее и секоја исполнета желба нека ти се насмее! Среќен 8ми март!

● Те сакам затоа што си мојот живот и токму тебе ти го должам целиот мој успех, не само на овој ден, туку и на секој друг, за нас посебен! Среќен 8ми март!

● Ова е убава порака, пишувана со убави букви во еден убав ден и истата е испратена во најубавата минута, а може да ја добие само најубавата личност на овој свет! Среќен ти 8ми март убавино!

● Чувствувај се посебно, единствено, најпрекрасно... Ова е твојот ден! Среќен ти 8ми март!

● Ти благодарам што нашиот дом го правиш најпрекрасното место за живеење во светот! Среќен 8ми март моја најсакана!

● Мојот свет е прекрасен поради тебе и посакувам секој ден од остатокот од животот да го поминам сакајќи те! Среќен 8ми март!

● Да бидеш полна како брод, да ги фрлаш сите мажи на под! Ти си риба, тие се шкарт - Среќен ти 8ми март!

● И на крајот онаа наједноставната, а за многумина и најдрага: Среќен 8ми март!

new nike air max 2019