Најубавите нешта во Охрид се (скоро) бесплатни!

Најубавите нешта во македонскиот туристички бисер Охрид се (скоро) БЕСПЛАТНИ, вели еден македонски твитерџија.

-Охридско ѓеврече и чаша јогурт на кеј или на било кое друго место покрај езеро! За 40 ден.имате доручек со поглед од милион долари. Гратис ги имате и прекрасните лебеди и галеби кои дополнително ќе го збогатат вашиот поглед, споделува тој. 

-Баклава и чај во стара чаршија. За 50 денари ќе го почувствувате духот и уживате во старата Охридската чаршија;

-Кафе од кафемат и шише вода ќе ве чинат 25 ден. Понесете ги со себе и заземете некоја добра положба покрај езеро. Гратис ги имате преубавите изгреј/зајдисонца во Охрид;

-Шишенце вода и кроасан ќе ве чинат 50 денари. Земете и упатете се кон Галичица, ќе уживате во преубавиот поглед кон Охрид и Охридското езеро;

-Стотина денари ќе ве чини автобускиот билет до Свети Наум. За таму веќе знаете што да очекувате. Рај! Доколку сакате да ги посетите и останатите населени места автобуси има редовно. До Рача, Свети Стефан билетот е 30 денари. До Пештани 50 денари...споделува овој вљубеник во нашиот Охрид.