Џенифер Анистон е една од универзално најсаканите личности на светот. Ја запознавме како Рејчел од култната серија „Пријатели“, и нејзината енергија и харизма и до ден денес ја прават една од омилените славни личности на планетава.
Џенифер со години се занимава со јога и медитација и истакнува дека овие две техники ѝ носат мир и ѝ помагаат да го сочува балансот во животот. Глумицата оваа година го прослави својот 52 роденден, но и натаму изгледа младолико, а нејзината главна тајна се одличната енергија и неверојатната смисла за хумор.
Денес ви ги пренесуваме нејзините највпечатливи мисли и ставови за љубовта, животот...
Вистинската љубов менува сè. Дозволуваш пред тебе секој ден да стои огледало.
Секогаш велам дека не треба да работиш на плановите, туку на опциите.
Никој не мисли за себе дека е секси. Има денови кога си велиш: „Еј, па денес не сум лоша“. Но, ако се обидуваш да бидеш секси, никогаш нема да бидеш секси.
Ми кажуваа да се откажам од актерството заради одбивањата. Ми рекоа: Зарем не сакаш да имаш нормална работа и нормално семејство? Претпоставувам дека тоа е добар совет за некои луѓе, но јас сакав да глумам.
Нема каења во животот, само лекции.
Бракот ги изнесува на виделина сите оние работи кои сум ги турнала во агол – стравови, недоверба, сомнежи, несигурности. Тоа е како отворање Пандорина кутија.
Кога еднаш ќе сфатиш кој си и што сакаш во себе, мислам дека сè доаѓа на свое место.
Колку ти е поголем капацитетот за љубовта, толку е поголем и твојот капацитет за чувствување болка.
Ако не си среќен, можеш да станеш среќен. Среќата е производ на избор.