Најубавите мисли на Џенифер Анистон

Џенифер Анистон е една од универзално најсаканите личности на светот. Ја запознавме како Рејчел од култната серија „Пријатели“, и нејзината енергија и харизма и до ден денес ја прават една од омилените славни личности на планетава.

Џенифер со години се занимава со јога и медитација и истакнува дека овие две техники ѝ носат мир и ѝ помагаат да го сочува балансот во животот. Глумицата оваа година го прослави својот 52 роденден, но и натаму изгледа младолико, а нејзината главна тајна се одличната енергија и неверојатната смисла за хумор. 

Денес ви ги пренесуваме нејзините највпечатливи мисли и ставови за љубовта, животот...

  • Вистинската љубов менува сè. Дозволуваш пред тебе секој ден да стои огледало.

  • Секогаш велам дека не треба да работиш на плановите, туку на опциите. 

  • Никој не мисли за себе дека е секси. Има денови кога си велиш: „Еј, па денес не сум лоша“. Но, ако се обидуваш да бидеш секси, никогаш нема да бидеш секси. 

  • Ми кажуваа да се откажам од актерството заради одбивањата. Ми рекоа: Зарем не сакаш да имаш нормална работа и нормално семејство? Претпоставувам дека тоа е добар совет за некои луѓе, но јас сакав да глумам.

  • Нема каења во животот, само лекции.

  • Бракот ги изнесува на виделина сите оние работи кои сум ги турнала во агол – стравови, недоверба, сомнежи, несигурности. Тоа е како отворање Пандорина кутија. 

  • Кога еднаш ќе сфатиш кој си и што сакаш во себе, мислам дека сè доаѓа на свое место. 

  • Колку ти е поголем капацитетот за љубовта, толку е поголем и твојот капацитет за чувствување болка.

  • Ако не си среќен, можеш да станеш среќен. Среќата е производ на избор.