Најубавите куќи во Скопје (ГАЛЕРИЈА)

Архитектите Сергеј Никољски и Иван Мирковски од проектантските куќи Никољски – Виена и Смарт Ливинг – Скопје се добитници на Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) 2015 година за објектот „Куќа на Водно“ на улицата Питу Гули бр. 33.

Куќата ја следи инклинацијата на теренот со голем сензибилитет; вертикалните комуникации се скулптурален елемент кој топографски, како издлабени во самата земја.

Влезот во куќата на втората генерација се наоѓа на првиот кат, вкрстен помеѓу минималистичкиот павилјон под себе и интимната монолитна дрвена завеса над себе. Стаклениот меѓупростор, кој во суштина го образува првиот кат, е бафаерот, check point елементот пред пристапот кон последната зона, која го образува вториот кат.

Во средина се наоѓа детската просторија.Таа носи во себе сè она што е потребно: но пред сè, своја интима и свој личен, егзистенционален простор. Овие две куќи се сплотени во еден заеднички павилјонски волумен кој со својот рамен кров формираат зелен прооден коридор.

Додека добитник на индивидуален станбен објект во Скопје со посебен режим на домување, од проектантското биро „РАДО Инженеринг“ и архитектите Пако Радовановиќ, Арсенија Поповска Радовановиќ и Ѓоко Радовановиќ, е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2016 година.

 

Внатрешноста на куќата се одликува со флуидност на просторот, кој почива на систем од стаклени прегради. Целиот простор се бања во светлина со помош на голема стаклена градина. Ваквата архитектура антиципира радост на живеење, неприкосновена удобност и хармонија помеѓу човекот и природата.