Најубавите цитати за пролетта

Пролетта веќе стигна во нашите животи! Пролетта е едно од најубавите годишни времиња! Сончевите денови пристигнуваат, насмевките и доброто расположение почесто се присутни, а и природата повторно се буди од зимскиот ден.

Многумина сметаат дека во овој период највеќе се јавува потребата за љубов кај човекот и кај секое живо суштество.

Во чест на прекрасните пролетни денови кои не очекуваат во наредниот период, ви ги нудиме овие прекрасни цитати за пролетта кои ќе ви предизвикаат насмевка на лицето и среќа во срцето.

„Кога ќе дојде пролетта, дури и лажната пролет, не постојат никакви проблеми, освен каде да се биде најсреќен.“ – Ернест Хемингвеј

„Повторно пролет.  Земјата е како дете кое ги знае песните напамет.“ – Рајнер Марија Рилке

„Да немавме зими, пролетта немаше да ни прија толку многу.
Ако понекогаш немавме горчлив вкус и неуспеси, немаше толку да го чекаме просперитетот.“ -  Ени Бредстрит

„Пролетта покажува што Бог може да направи со едноличен и нечист свет.“ – Виргил Крафт

„Април го вметнува духот на младоста во се што постои...“ – Вилијам Шекспир

„Можам ли со зборови да го опишам мирисот и вкусот на пролетта?“ – Нелтје Бланчан

„Нешто во воздухот прави да се чувствувам како да летам пролетен лет.“ – Агата Кристи

„Сакам со тебе да го правам она што пролетта го прави со црешите.“ – Пабло Неруда

„Кога доаѓа пролетта, тревата расте сама од себе.“ – Тао Те Чинг

„Ништо не може да изгуби живиот човек, а пролетта да не може да му го врати, ниту пак човек може да биде трајно несреќен, се додека Бог дава душата да се лечи со заборав и земјата да се обновува со пролетта.“ – Иво Андриќ

„Нема зима која трае вечно, ниту пак пролет која го прескокнува својот ред.“ – Хал Борланд

„Малку лудило во пролет е здраво дури и за кралот.“ – Емили Дикинсон

„Пролет е срце полно со надеж и чевли полни со дожд.“ – Непознат

„Кога би можел повторно да живеам, би одел босоног од почетокот на пролетта, до крајот на есента.“ – Борхес

„Чувствувам дека оваа пролет ќе полудам заради некоја далечна убавина.“ – Десанка Максимовиќ