Најубавите цитати на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 145 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, еден од најзначајните ликови во македонската историја кој уште пред еден век се борел за македонската кауза и зачувување на македонскиот народ и идентитет.

Еве некои од неговите познати цитати:

"Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите."

"Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите" 

"...Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија..."

"Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот".