Најубавиот домашен сладолед од кокос

Вкусот на кокос е одличен за летното освежување, а сладоледот е најубав ако самите го подготвите дома. 

Потребни состојки:

380 мл кокосово млеко
420 мл кондензирано млеко
Една шолја кокос
Кора од една лимета (изрендана)
Една лажичка сок од лимета

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека да се соединат сите состојки. Оваа смеса можете да ја ставите во калапи за сладолед со стапче или да ја префрлите во кутија. 

Откако ќе отстои два часа, извадете го и промешајте уште еднаш и оставете целосно да се смрзне.