Најубавиот бисер на селото Бардовци е црквата „Света Троица“

Без да ги прашате, мештаните сами ќе ви кажат дека најубавиот бисер на селото Бардовци е црквата „Света Троица“.

Кога ќе се искачите на угорнината од центарот на селото се појавува жива уметничка слика на модерна црква во густо зеленило од дрва, во средината фонтана со рипчиња и стар бунар, опкужена крстилница, со конаци со благопријатни услови за гости. За верниците црквата е отворена во секое време. Набргу тука ќе биде изградена и Капела.

Црквата била осветена во 1925 година. Во неа се зачувани записи на две мермерни плочи. Од натписот на самиот влез на црквата пак може да се прочита дека храмот посветен на Света Троица бил разрушен за време на катастрофалниот земјотрес од 1963 година и возобновен со доброволни прилози од мештаните на село Бардовци, а е осветен од неговото блаженство архиепископ охридски и македонски Доситеј на 3 октомври 1976 година.

Она што е интересно е дека кум во 2014 година бил Дитер Клеес, Германец, кој дваесетина години живее во Бардовци, кој самоиницијативно се пријавил и станал кум на црквата, иако е католик.