Најубави и најдобри луѓе се оние кои успеале да се изборат со најмрачните моменти во животот

Животот секојдневно нѐ тестира. Од непознати причини, секој од нас добива различен тест. Во секој случај мораме да се носиме со она што сме го добиле. Генетика, место на раѓање, финансиски статус – сето тоа го имаме добиено од непознати причини (за нас), но што е – тука е. Но, без оглед на ситуацијата во која се наоѓате, вие избирате дали ќе бидете жртва или победник. Имате целосна контрола врз тоа дали животот ќе ви биде сладок или кисел. А оние кои одбрале да имаат сладок живот – тие се најсилни.

Шведската психијатарка и писателка Елисбет Кублер – Рус еднаш има изјавено:

„Најубавите и најдобрите луѓе кои ги познаваме се оние кои доживеале порази, се запознале со страдањето и загубите во животот, тоа се луѓе кои во секој момент се бореле и пронашле начин како да излезат од најмрачните длабочини. Овие луѓе знаат да ценат, тие се чувствителни и имаат разбирање за другите. Живото им дал искуства кои ги наполниле со сочувство, љубезност и длабока емпатија. Прекрасните луѓе не се раѓаат такви, тие такви стануваат со текот на животот.“

Добрите луѓе носат светлина во овој свет, токму затоа што излегле од мракот

Во светот на темнината во кој се родени, добрите луѓе со својата позитивност ги имаат осветлено животите на другите. Токму нив им се доделени „несреќни“ карти како лоши семејни ситуации или сиромаштија. И не само што научиле како да успеат во животот, научиле и како да преминат преку лошите работи и да се издигнат над нив. Додека некои луѓе добиле цел сет со прекрасни боички, тие добиле само една обична боичка, но ја искористиле за да додадат боја и свежина во својот живот. 

Добрите луѓе сакаат најсилно, токму затоа што најмногу биле повредувани

Тие кои биле измамени и повредени во љубовра најмногу и најдобро ќе ве сакаат. Тие знаат како е срцето да им биде скршено на пола и никогаш не би сакале некој друг да го преживее она што тие го преживеале.

Добрите луѓе на потешкиот начин научиле дека личните недостатоци се можност за развој

И љубезните и добри луѓе некогаш биле песимисти, но со текот на времето научиле дека нема добивка од песимизмот. Сфатиле дека секоја работа која ги повлекувала надолу е само уште едно скалило кон остваување на целите. Добрите луѓе од својот жив песок градат патека кон успехот. 

Добрите луѓе не сакаат другите да патат онака како што пателе и тие

Децата знаат да бидат сурови и да ги зафркаваат другите деца поради најразлични причини. Луѓето кои го знаат чувството и знаат како е да бидеш малтретиран и омаловажуван никогаш не би го направиле тоа на друг човек. Љубезноста и добрината произлегуваат од суровоста која ја доживеале и искусиле. Наместо таа агресија да ја пренесуваат на другите, добрите луѓе го прекинуваат маѓепсаниот круг и со добрина ќе вратат на грубоста. 

Добрите луѓе им помагаат на другите да преживеат и да станат подобри луѓе

Овие луѓе можат да се носат со каква и да било ситуација која животот ќе им ја сервира. Знаат дека можат да преживеат сѐ, затоа што имаат искуство со преживување. Во трката на животот, луѓето обично гледаат рамно пред себе и не обрнуваат внимание на другите „тркачи“.

Тие ги мотивираат другите да трчаат заедно со нив, да споделуваат енергија, искуства и радост. Тие секогаш ќе бидат покрај другите луѓе, затоа што знаат дека тие самите немале никој покрај себе баш кога им било најтешко.