Најубавата македонска кошаркарка меѓу трите најсекси Балканки во светот на спортот

Македонската кошаркарска репрезентативка Едина Муса доби свое место меѓу трите најсекси-девојки на Балканот кои имаат допирна точка со спортот, според оценките на интернет-порталот „Гонг“.

Муса, која е дел од екипата на ЖКК Работнички, но моментално е надвор од терените поради повреда, се најде во друштво на Софија Милошевиќ, која е девојка на фудбалерот Адем Љајиќ, како и Амра Силајџиќ која е во врска со Един Џеко.

Едина Муса е единствената спортистка во изборот, додека останатите две се поврзани со спортот преку своите момчиња.