Најубава дефиниција за убавината

Прекрасните зборови на Ема Вотсон, актерката најпозната по улогата на паметната Хермиона од серијалот „Хари Потер“, која беше дел од кампањата на Обединети Нации за родова рамноправност ја кажа една од најубавите дефиниции за убавината.

Во продолжение прочитајте ги нејзините зборови:

„Верувајте ми, убавината не се состои во долгата коса, витките нозе, тенот и убавите заби.

Убавината е лицето на оној кој плачел предмалку и одеднаш се насмеал.

Убавината е лузната која ви останала како последица од некој пад во детството.

Убавината се подочњанците кои ги имате затоа што не сте можеле да заспиете, а сѐ заради тоа што сте заљубени.

Убавината е изразот на лицето на некој кој го слушнал будилникот и се разбудил.

Убавината е размачканата шминка под тушот.

Убавината е кога се смееш на шега која само ти ја разбираш.

Убавината се брчките кои времето ги нацртало на твоето лице.

Убавината е она што го чувствуваме одвнатре и како тоа нѐ менува однадвор.

Убавината се сите траги кои животот ги остава, сите удари и сите бакнежи кои ни остануваат во сеќавање.“