Најточниот летен хороскоп

 

Овен

Венера влегува во вашата куќа на љубовта од 5 јуни до 8 ноември што значи дека ќе имате многу возбудливо лето. Подгответе се за разиграни, страсни и романтични средби, но не им верувајте на сите. Во почетокот на август се можни драми во љубовните врски, па внимавајте како ќе реагирате. Ќе се чувствувате одлично ова лето, затоа немојте да се изненадите ако налетувате на луѓе кои се главно спротивни од она што вообичаено го избирате. Опуштете се и препуштете се. Важни вести ќе дознаете во средината на август.

Избегнувајте: Ракови, Јарци и Риби

Бик

Ова лето ве чека сето она во кое најмногу уживате – релаксација и одмор. Доколку сте во врска, летото ќе биде одлично време за напредување на вашата врска. Исто така, одлично време е ако сакате да ја запознаете вашата друга половина со вашите родители или дури и да ја однесете на семејна средба. Доколку не сте во врска, вниманието ќе го привлече некоја личност од вашето опкружување. Во јули може да се заљубите во некој со кој сте пријатели веќе некое време. Бидете отворени за можностите.

Избегнувајте: Лав, Водолија и Овен

Близнаци

Нема да трпите глупости во текот на летото. Ќе се ослободите од сите драми во љубовните врски. Ќе бидете заводливо расположени, а во август може да дојде до недоразбирања во врската.

Избегнувајте: Девици, Риби и Бикови

Рак

Добри вести за родените во овој знак. Ова лето е идеално доколку треба да ја преболите поранешната љубов. Ѕвездите се совршено поставени, а Марс е во вашата куќа од 24 јули до 8 август, што значи дека ќе бидете привлечни за спротивниот пол. Затоа, не трошете го вашето време и енергија на првото, туку фокусирајте се на новата среќа во вашиот живот.

Внимавајте да не се заљубите премногу. Можни се и романси на работа.

Избегнувајте: Вага, Овен и Близнаци

Лав

Венера е во Лав речиси цело лето затоа подгответе се за жешки повици од сите страни. Ако не сте во врска, подобро не се врзувајте за некого во овој период. На крајот на август може одеднаш да се врати личност која „исчезнала“ од вашиот живот.

Избегнувајте: Скорпии, Бик и Рак

Девица

За жал, ова не е ваша година за љубов. Од друга страна, вашата финансиска состојба значително ќе се подобри. Летното флертување би можело да прерасне во нешто повеќе во октомври доколку останете смирени и не сте премногу нервозни.

Кон крајот на јули и почетокот на август имате повеќе шанси да запознаете нови луѓе.

Избегнувајте: Стрелец, Близнаци, Лав

Вага

Ова лето можни се романси, но подигнете ги стандардите. Отворете ги очите и внимавајте. Вагите во врска често би можеле да дојдат во конфликт поради положбата на ѕвездите која ќе ве направи нервозни. Потребно ви е време да се посветите на себе и да се одморите.

Кон крајот на август вашата врска ќе влезе во нова, стабилна фаза кон која се стремевте.

Избегнувајте: Јарци, Ракови, Вага

Скорпија

Ова лето повеќе ќе се фокусирате на кариерата отколку на љубовта. Ќе бидете склони и кон романси со некој што веќе го познавате. Нема да ви биде приоритет да запознавате нови луѓе.

Ви треба некој кој ќе ви биде добра поддршка со оглед на сето она низ кое моментално поминувате во животот.

Доколку сте во врска, ќе смислите големи планови за следните пет години. Правете го она што го чувствувате и на крајот на август ќе се отворат опции за можни свадби и планирање на децата.

Избегнувајте: Водолија, Лав, Вага

Стрелец

Моментално сте повеќе фокусирани на дружење со пријателите отколку на романтичен живот. Ако сте сами, подобро е да останете така.

Што и да одберете, само држете се настрана од некој кој ќе биде манипулативен, претерано љубоморен или баран кога ќе одлучите да поминете време сами со вашето друштво.

Љубовта е можна и на одмор. Доколку останете во врска која трае во текот на август, бидете внимателни. На крајот на август, Венера се движи ретроградно, што може да резултира со вашата љубомора без многу конкретна причина.

Избегнувајте: Риби, Девица, Скорпија

Јарец

Ова ќе биде многу жешко лето за вас. Ве очекуваат еден куп авантури. Кон крајот на јули и почетокот на август би можеле да поминете низ чуден период, кога ќе се чувствувате и привлечно и осамено, што нема да биде добра комбинација.

Околу 10 август ќе се смирите и ќе ви стане појасен погледот на вашата врска.

Избегнувајте: Овен, Вага, Стрелец

Водолија

Ова лето ќе ви здодее старата љубов и ќе сакате промена. Спротивното навистина може да ви се допадне овие месеци.

Експериментирајте и одлучете сами што ви одговара. Полната месечина на крајот на јули ќе ви даде храброст да патувате. Можеби ќе патувате сами.

Избегнувајте: Бик, Скорпија, Рак

Риби

Ова лето ќе бидете одлично расположени, романтични и заводливи. Ќе запознаете некого на крајот на јули. Ќе бидете привлечни како магнет за спротивниот пол, но ќе бидете разиграни и со леснотија ќе ги одбивате бидејќи веќе сте го резервирале срцето за некој друг.

Околу 10 август ќе почувствувате силна потреба за безбедно засолниште. Можно е да запознаете некого додека волонтирате или некоја друга добротворна активност.

Избегнувајте: Близнаци, Стрелец, Водолија.