
Денеска е светскиот ден на менталното здравје! Ниту македонските граѓани не се искулучок од пандемијата на ментални болести, па така според истражувањата Македонците се најгневен народ во Европа, а Скопје е меѓу најдепресивните градови.
Стручните лица се деицни и едногласни - треба да се зборува гласно на темава, да се бара помош, да се наоѓаат начини на кои ќе му помогнеме на организмот да се справи со стресот.
На тема „ментално здравје“ низа ставови и на социјалната мрежа „X“. Еве како размислуваат младите на оваа тема:
Ментално здравје значи пристап за сите, образование за сите, рана дијагнодтика и вистинско насочување, функционални институциии и функционален систем. Не партиски книшки и вработувања, закани по етникум и непристапни институции што фрлаат граѓани до раб на егзистенција.
— Dream House (@dreamhouse99) October 10, 2024
На денот на менталното здравје, криво ми е што скоро па цел живот се расправам со ментално пореметени луѓе.
— НЕДОПИРЛИВА (@Nedopirliva1) October 10, 2024
Многу често луѓе кои се постојано весели, насмеани пред други луѓе тоа го прават само како одбранбен механизам за да не бидат прашани како се, а всушност не се чувствуваат добро. Би се изненадиле во какви се пакувања може да се сокрие депресијата и во колкав подем е во постковид.
— Еквилибрија (@ekvilibrija) October 9, 2024
Јас моето ментално здравје, на овој начин го регулирам, за да нема осцилации и последици по блиските мои. pic.twitter.com/eprL1XwoKE
— Marija (@mara00914095) October 10, 2024
Самата борба за себе и познавајќи се самиот и самоприфаќењето е = ментално здравје!!
— Dream House (@dreamhouse99) October 10, 2024