Најстудено на Попова Шапка, има 53 сантиметри снег

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -3 степени, а максимални 8 степени се измерени во Штип и Виница.

На Попова Шапка има и 53 сантиметри снег.

Според УХМР, до 8:30 часот се измерени и -1 степен во Берово, 0 во Битола и Kрушево, 1 во Скопје – Петровец, Тетово, Охрид, Прилеп и Mаврови Анови, 2 во Крива Паланка и Претор, 3 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 4 во Велес и Кавадарци, како и 5 степени во Демир Капија,

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен. Во Скопје променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 20 степени.