Најстарата улица во Ново Село, во Ѓорче Петров, доби асфалт

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека во првата гоидна од неговиот мандат реализирани се 26 улици.

-Пред една година ветив Ѓорче без кал, од прв ден работиме посветено и фокусирано на решавање на децениски проблеми на нашите сожители. Денес во Ново Село, на крак од улица 4, се врши асфалтирање во должина од 150 метри. Задоволството на моите сожители е најголема награда за сработеното. Баба Деса ми вели дека е среќна што на 89 години доживеала најстарата улица во Ново Село да добие асфалт, сподели градоначалникот. 

- Успеавме во првата година од мандатот да реализираме 26 улици, со меѓуопштинска соработка со Град Скопје, улици кои се од витално значење за секојдневното живеење. Продолжуваме да ги решаваме проблемите, за модерно, урбано и хумано Ѓорче, дециден е Стојкоски.