Најстарата Македонка оди кон Гинис: Баба Алида од Љуботен вчера наполни 114 години

Слаба, збрчкана, повеќе во кревет отколку на нозе, но с` уште со очи од кои зрачи живот. Така с` уште изгледа највозрасниот жител на Македонија, а најверојатно и на Балканот и меѓу повозрасните на целата планета, скопјанката Алида Мемеди, која вчера го прослави својот 114-ти роденден. „Дневник“ ја откри пред повеќе од две години, кога бабичката од скопско Сингелиќ беше на прагот на својата 112–та година.

Она што разумот не можеше да го прими, го разувери изводот од Kнигата на родените и личната карта на баба Алида, која е родена на 4 мај 1902 година во скопското село Љуботен. Ја најдовме во скопското село Сингелиќ, во куќата на своите синови, помеѓу многу внуци и правнуци, тогаш уште ведра и спремна за разговор. Се јавивме да ~ го честитаме роденденот, најблиските беа децидни дека с` уште не им се дава на годините, иако полека од старост телото почнува да не ја слуша.

Сака уште еднаш да оди на аџилак

– Иста е како и лани, мала и збрчкана со топол поглед, валат нејзините роднини, кои се грижат за неа. Секое утро с` уште го консумира својот „еликсир за долговечност“ – кисело млеко со шеќер, и не размислува за годините зашто најверојатно за неа застанале некаде на 80-90 години старост.

Сама изгледала 6 деца, има 17 внуци, имаше и 19 правнуци, а сега има уште два нови. Сопругот починал уште додека биле многу млади. Илинденското востание, Првата и Втората светска војна, скопскиот земјотрес, распадот на Југославија, формирањето на самостојна Македонија и уште колку не историски, а и приватни настани лежат на грбот на старицата. Некои спомени ги избришало времето, некои староста и болеста, некогаш на с` се сеќава, а некогаш не ги препознава ни најблиските.

– Сега повеќе лежи во кревет отколку што станува, но не се предава на годините. Последната една и пол година состојбата ~ е влошена, доаѓаат доктори ја прегледуваат, но велат ништо не ~ е, тоа е од старост. Не може да оди, ја болат нозете, но ние ја придржуваме и ~ помагаме. Јаде редовно, но покашеста храна. Таа никогаш не јадела многу, повеќе сака супи од домашни кокошки и редовно појадува кисело млеко со шеќер – ни објаснува Берат, нејзиниот внук од син. Тој вели дека понекогаш не познава никого, а некогаш разбирливо разговара со сите и ги препознава.

– С` уште не ја напуштила желбата уште еднаш да оди на аџилак – вели Берат.

Инаку, Баба Алида била чудо и за турската телевизија, која пред шест години, тогаш 108-годишната старица, ја начекала на аџилак во Мека. Патувала шест-седум дена со автобус цели 5.000 километри и тоа за неа не бил никаков проблем.

Роденденот го слави во кругот на најблиските, а ги има многу, од неодамна има два нови правнуци.

До лани имавме 43 пензионери постари од сто години

„Дневник“ неодамна пишуваше дека според податоците на Фондот за пензиско до крајот на ноември лани во Македонија имаше вкупно 43 пензионери постари од 100 години, а баба Алида од скопски Сингелиќ е рекордер-пензионер со 114 години. Таа е и најстарата пензионерка во земјава, дури 35 години ја користи својата земјоделска пензија, која ја стекнала од 1981 година во минатиот век. Сега не успеавме да добиеме нови податоци од ПИОМ дали има промени во бројките или состојбата е иста како пред некој месец.

Тогаш од вкупно 300.000 пензионери, најголем дел или 220.543 се на возраст до 75 години, а 79.720 лица од 75 до сега 114 години. Притоа приближно 37.000 пензионери во земјава се постари од 80 години. Според анализата на податоците, имавме 9 стогодишници, а 14 пензионери ја надминале стотката и има 101 година. По четири лица тогаш беа на возраст од по 102 до 105 години, еден 106-годишник и двајца 108-годишници.