Најстарата финта на светот која двојно ќе го подобри вашето помнење!

Некои луѓе имаат одлично помнење, додека пак некои луѓе не можат да запомнат ни пет работи кои треба да ги купат во продавница.

Ако вие сте дел од оваа втора група – тогаш вие сте на вистинското место.

Имено, неодамнешното истражување објавено во стручното списание „Неурон“, открива како да го подобриме нашето помнење!

Тимот од медицинскиот факултет во Холандија, на чело со Мартин Дреслер, професор по когнитивна невронаука, спровел истражување во кое го истражувал мозокот на 23 луѓе кои докажано имаат најдобро помнење на светот. Контролата група била составена од збир на 23 луѓе кои биле на слична возраст, здравствена состојба и интелигенција и имале просечно помнење.

Во текот на истражувањето, тие со помош на магнетна резонанца ги мереле разликите во комуникацијата помеѓу мозочните региони, а користеле и структурална магнетна резонанца за да ги измерат разликите во големината.

Се покажало дека немало разлика во анатомијата на мозокот, односно испитаниците кои имале одлично помнење немале поголем мозок од луѓето чие помнење е просечно. Но, биле забележани разлики во шаблоните на поврзување – кај оние со најдобро помнење имало и до 2500 различни врски во мозокот.

Секој од испитаниците со одлична меморија всушност ја добиле оваа титула поради тренирање на мозокот со т.н мнемонички стратегии, особено користејќи го методот „лоци“ Овој метод претставува ментално поврзување со одредени физички локации. Методот се потпира на запомнување на просторни односи за групирање и утврдување на податоците. Оваа метода ја користеле и античките Грци и Римјаните.

Другиот дел од истражувањето вклучувал различни групи – 52 луѓе со слични карактеристики со одлично помнење од првиот дел, но со типични способности на мозокот, т.е луѓе кои правеле никакви вежби за подобрување на помнењето. Тие биле поделени во три групи. Две од нив вежбале, а една група не вежбала.

Доктор Дреслер открил дека тие ги тренирале со овој метод во период од шест недели, по 30 минути дневно. По вежбите, тие покажале многу подобра способност за помнење. А она што е најважно е тоа што се зголемила и поврзаноста помеѓу мозочните региони. Уште подобри резултати се забележани по 2 месеци од истражувањето.

„Овој метод се покажа како одличен за подобрување на помнењето, како и за секојдневни работи како список за купување, но и за помнење на стручни информации“ – заклучил професорот Дреслер и препорачал луѓето да ги помнат работите или според првите букви од името или според сликата која ве асоцира на нив.