Најсреќниот човек на светот ја открива тајната за среќа

Според научниците и Гугл, најсреќниот човек на светот е тибетскиот будистички свештеник Матје Рикард. Тоа е одлична титула денес, но што е тајната за неговата среќа.

Овој 71-годишен свештеник ја добил својата титула на најсреќен човек на светот откако учествувал во 12 годишна студија посветена на медитацијата и љубезноста. Истражувањето е водено од страна на научникот Ричард Дејвидсон од универзитетот во Висконсин.

Со потекло од Франција, овој свештеник се преселил во Индија на 40 годишна возраст. Денеска, тој е најсреќниот човек на планетата. 

Ова се неговите тајни:

Медитацијата е клуч за среќата

Истражувањето покажува дека за време на медитацијата нашиот ум покажува високо ниво на свесност, внимание, учење и меморија. То верува дека штом ќе почнете да ја практикувате, медитацијата има моќ да ви го смени животот и да ја подобри вашата среќа, на ист начин како што физичките вежби ги менуваат нашите мускули. 

Пуштете ги луѓето да минуваат низ вашиот ум

Вашиот ум треба да биде како огледало кое ги пушта луѓето да поминат без да се залепи за нив. Кога постојано се грижите за минатото и луѓето кои биле дел од него, како и иднината и за тоа кој ќе остане до вас, тоа не може да ви донесе никаква среќа, истакнува Пикард.

Контролирајте го својот ум

Мислите доаѓаат во нашиот ум, но ние сме тие кои решаваме колку долго тие ќе се задржат во нашата глава. Кога ќе се соочите со лоша мисла, фокусирајте се на вашето дишење. Тоа може да ви помогне да го смирите умот, да се релаксирате и да не дозволувате вашите мисли да управуваат со вас.

Бидете присутни

Слушајте, чувствувајте, фокусирајте се на вашето дишење и на сегашноста. Бидете присутни во овој миг сега, наместо на било кој друг момент во минатото или иднината. 

Бидете свесни за себеси

Ако ви дојде лоша мисла или лоша емоција, бидете свесни за тоа. Не дозволувајте тоа да ве обземе, туку бидете свесни за нив и набљудувајте ги од дистанца. Медитацијата може да ви помогне да се ослободите од негативноста, но и да ја намалите нејзината моќ.