Најсреќни се оние луѓе за кои животот не е натпревар

Сите имаме лоши навики, сите ние правиме грешки. Луѓе сме. 

Треба да сме среќни за малите нешта, а да не дозволуваме премногу да се нервираме за туѓите зборови и дела, бидејќи тие не се поврзани со нас. Сепак, полесно е да се каже тоа отколку да се направи.

Но... ако постојано се споредувате со другите луѓе, тогаш тоа е вистинската формула за несреќа во животот. Постојано ќе бидете лути на другите, па на себе, па повторно на другите и никогаш нема да бидете задоволни со тоа што го имате. 

Не дозволувајте да го споредувате и мерите својот сопствен успех со оној на другите луѓе, бидејќи не ја знаете нивната приказна, не знаете ниту како стигнале дотаму, ниту пак што ги мачи во текот на денот. 

Не е важно дали сте првата или последната личност во вашето друштво која ќе стапи во брак. Важно е како се чувствувате. Што ако вашите пријатели се во лош брак или заглавена врска? Како ќе го измерите успехот така? Секој од нас ја знае својата вистина, а често таквата вистина е далеку од очите на јавноста. 

Кога ги гледате другите како конкуренција, не се повредувате само себеси, туку ги повредувате и другите. Можеби на вашата мажена другарка и е потребна поддршка во животот. Можеби и е потребен важен совет од вас. 

Најсреќните луѓе не се оние кои се споредуваат со другите. Тие се само оние кои се споредуваат со претходната верзија од себе. Тие се оние кои се движат со сопствен ритам, секој има свое време, свое вистинско време и тоа е најголемата вистина која треба да ја знаете. 

Најсреќните луѓе се оние кои си веруваат себеси. Тие се оние кои можат да бидат среќни за своите успеси, но и на успесите на оние околу нив.