Најскапи се становите во Карпош - еве по која цена се продаваат

Најмногу се продаваат најскапите станови, а само летово Макеоднците потрошиле над 80 милиони евра за да купат стан.

Според статистиката на катастарот за периодот од јули до септември 2019, најмногу станови се продале во скопската општина Карпош 239.

Во оваа општина просечната цена на метар квадратен е највисока во државава – 982 евра. По  број на продадени станови следи скопски Аердром со просечна цена од 825 евра за квадрат.

Во внатрешноста, најмногу станови летово се продале во Охрид 123 по просечна цена од 757 евра за квадрат.

Во третиот квартал лани во змејава се продадени вкупно 674 станови или 195 повеќе споредено со претходното тромесечие. Истовремено, се зголемил и бројот на новоизградени ама непродадени станови. На пазарот летоска имало 6368 стана кои чекаат купувач, а тоа е 615 стана повеќе од претходниот квартал. 11.950 објекти се уште се градат.

После станови, во периодот од јули до септемрви лани најмногуи се купувале ниви. Близу третина од продажбите се однеусваат на земјоделско земјиште за што биле протрошени близу 10 милиони евра. Најмалку трансакции, само 4%,  имало за купување на деловен простор.

Вкупно, во третото тромесечие лани за недвижности во земјава биле протрошени 141 милион евра. Најголем дел од купопродажбите биле направени во јули.