Најромантичната душа во хороскопот – жената родена во знакот Стрелец

Таа има силен темперамент, но кога ќе ја запознаете ќе сфатите дека нејзината душа е огромна, нежна и романтична.

Среќни сте ако во својот живот имате жена родена во знакот Стрелец. Таа е вистински бисер, а така и треба да се однесувате со неа. Таа е неконвенционална жена која се смета себеси за еднаква со мажите, но под нејзиниот силен и огнен темперамент, се крие романтична душа, која е подготвена цел живот да го чека оној кој ќе ги цени нејзините квалитети.

За неа, партнерот мора да е зрел, досетлив и подготвен на авантури. Не е потребно да биде богат, иако тоа би и помогнало многу. За неа, вистинскиот маж е витез, принц на белиот коњ.

Таа е добра мајка, која често знае да биде строга кон своите деца. Од друга страна пак, често ги размазува со сите работи кои ги сакаат. Најдобро се сложува со Лав, Водолија, Близнаци, Стрелец, Вага и Риби.

Најчесто и одговара професија на полето на музиката, актерството, образованието, новинарството, истражувањето и патувањата.

За крај, таа ја сака слободата и таа и е најважна на светот. Не се обидувајте да ја скротите, трудете се да и верувате.

cheap nike free run 5.0