Најпродавани книги на Саемот на книгата се на "Арс Ламина"

"Арс Ламина - публикации" на 29. Саем на книгата, имаше рекорден број продадени книги на саемот досега.

Убедливо најпродавана книга е "Фајронт во Сараево", автобиографија на легендата д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на "Забрането пушење" и на "Топ-листа на надреалистите". На второто место според продажбата е книгата за деца "Тато, имаме приказна!"

Новиот роман на Билјана С. Црвенковска со илустрации на Здравко Гиров "Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња" се најде на 3. место. Следна на листата е автобиографијата на мајсторот на хуморот - неповторливиот Џон Клиз ѕвездата на "Монти Пајтон", со наслов "И така, ви велам..."

На 5. место е книгата "Отчукувања" на авторите Хавиер Руескас и Франсеск Миралјес (Шпанија). Следува романот за деца "Лесната принцеза" на Џорџ Мекдоналд. По овој безвременски класик за деца, следува "Црвената кралица", фантастичен роман за млади напишан од Викторија Авејард.

Специјален гостин на саемот беше и Жан Бак (Луксембург), автор на романот "Аматер" кој е на 8. место, на 9. место е серијалот "Бајки од Македонија" и на 10. е серијалот хорор-романи за деца "Замокот на стравот".